Објавено на:

Франција му дозволи на основачот на Телеграм да отпатува во Дубаи

t

Основачот на Телеграм, Павел Дуров, ја напушти Франција со дозвола на судот и отпатува за Дубаи, пренесе АФП.
„Основачот на „Телеграм“ Павел Дуров отпатува од Франција во Дубаи со дозвола на судот“, наведува агенцијата. Судот наводно му дозволил да ја напушти Франција на неколку недели.
Француските медиуми на крајот на август минатата година објавија дека Дуров беше приведен на парискиот аеродром „Бурж“ кога излегувал од приватен авион, кој наводно допатувал од Азербејџан.


Обвинителството во Париз објави список од 12 кривични дела кои му се товарат. Меѓу нив се соучесништво во набавка, транспортирање, поседување, понуда или продажба на наркотици, како и соучесништво во измама извршена од организирана банда.
Француското обвинителство тогаш објави дека Дуров е ставен под судски надзор.
Вечерта на 28 август тој беше пуштен со кауција од 5 милиони евра. Му беше забрането да ја напушта француската територија и мораше двапати неделно да се јавува во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ