Мицкоски исплашен од протестите во Србија: Ја следиме состојбата во Србија, не очекувам такви прелевања кај нас
Во одговор на новинарско прашање, премиерот Христијан Мицкоски вели „нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас“.
Прашан за случувањата во Србија и информациите од тамошните медиуми дека „структури од соседни земји на Србија, наводно учествуваат во некакви сценарија“, Мицкоски рече дека нашата политика е јасна, „ние ниту сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, ниту пак ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.
– Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамките на законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што ние имаме работи што дома треба да си ги решаваме и ниту имаме амбиција, ниту сакаме да бидеме дел од внатрешните работи на која било, една земја во светот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка.
Во главниот град на Србија денеска попладне се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…