ОЈО Скопје поведе постапка за сообраќајката во која загина мотоциклист: Осомничениот претекнувал на полна лента, дошло до директен судир

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како што сооопштија од Обвинителството, осомничениот вчера учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 34 годишен мотоциклист.

„Осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата “Ацо Шопов” со возилото се движел зад автомобил „Пежо 2008“. Меѓутоа, не ги почитувал надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана бела полна линија и со возилото преку полната линија започнал да го престигнува автомобилот „Пежо”, управувано од друга учесничка“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Од Обвинителството посочуваат дека спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот, осомничениот преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па директно се судрил со мотоцикл „Сузуки“ кој доаѓал од другата страна.

„Возачот на мотоциклот управувал без возачка дозвола и со неприлагодена брзина, а по сударот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ. По наредба на јавен обвинител, веднаш по настанот земени се примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа, при што кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крв од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист“, додаваат од Обвинителството.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…