Објавено на:

Србија ќе ги преземе во болниците во Белград дел од најтешко повредените од Кочани

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе преземе дел од тешко повредените во пожарот во Македонија, кои ќе мора да останат неколку месеци во болниците.
Вучиќ на седницата на Владата на Србија рече дека ќе бидат сместени во Клиничкиот центар и ВМА.
Претседателот порача дека треба да се направи се знамињата на двете земји да бидат закачени на половина копје во сите градови на денот на жалост.


Министерот за одбрана Братислав Гашиќ изјави дека се испратени пет амбулантни возила на пат кон Скопје и 14 лекари и медицински персонал и дека се чекаат дополнителни барања од Македонија.
Министерот за здравство Златибор Лоначар рече дека се во контакт со министерот за здравство од Македонија и дека сите капацитети се подготвени од Универзитетската болница Ниш до болницата во Белград.


Бараа нашите патолози да си заминат, но тие ги вратија, чекаат да добијат налог од македонскиот суд“, рече Лончар.
Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека со министерот за надворешни работи на Македонија утрово околу 7 часот го имале првиот разговор и дека се во постојана комуникација со нив.
„Србија прва се одзва на повикот и Србија ќе застане покрај македонскиот народ“, истакна Ѓуриќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…