(Видео) Чупеска: Згрозени сме од обидот на Тошковски да го политизира овој случај – Бараме независна истрага и сите инволвирани да одговараат!

t

Изразуваме искрено и длабоко сочувство на семејствата и нивните блиски, истакна денеска претседателката на СДСМ, Ана Чупеска на прес-конференција по големата трагедија во Кочани.

– Како одговорна партија оставивме институциите да ја вршат работата без да ја политизираме темата и оваа трагедија. Ние немавме никаква намера да држиме прес-конференција, да отвораме политички прашања или уште помалку да обвинуваме, истакна Чупеска и додаде дека истото требше да го направи секој одговорен политичар во оваа држава.

– По денешната прес-конференција Панче Тошковски не остави без зборови и не принуди и ние да реагираме.Да го потсетиме Тошковски дека е министер веќе 13 месеци. СДСМ веруваше дека министерот ќе има доблест да ја каже вистината и нема да прави селективно известување на јавноста во врска со настаните и очекувавме дека прецизно ќе ја лоцира одговорноста и ќе докаже дека нема намера никој да биде поштеден. Наместо тоа Тошковски реши да политизира и да обвинува други, додека тој е министер цела година, а Владата ги има сите институции на располагање веќе 9 месеци.

Бидејќи никој не ги постави клучните прашања, затоа сме на прес.

Најпрво да запрашаме, министре Тошковски, нели е срамно да поднесете одговорност и оставка во услови кога цела година оваа дискотека работи без Лиценца? Чија е одговорноста ако не е Ваша и на сите инспектори да се провери цела година дали има неправилности во работењето?

Ве молиме одговорете ѝ на јавноста како полицијата била таму и притоа не ја затворила дискотеката која работела надвор од сите пропишани стандарди и процедури?

Како може иако не смее да работи после 1 часот, да работи до 3 часот наутро.

ДЗС треба еднаш годишно да прави проверка за безбедноста на сите објекти. Како се дозволило да оваа дискотека работи на овој начин?

Пожарот, како што се гледа на снимките, настанал од пиротехнички материјали, МВР ги издава овие средства. Кој ќе одговара што без дозвола се палеле такви пиротехнички материјали?

Дали е точно дека ова лето дискотеката била реновирана и пуштена во употреба, кој дал дозвола за тоа? Кој доволил да се реновира објект без дозвола и да се пушти во употреба?

Министре Тошковски, за крај да ви порачаме една работа. Во овие моменти имавте можност да докажете дека сте професионалец но и да се покажете како човек, жал ни е што решивте брутално да го политизирате овој трагичен настан и тоа нека ви служи на честа и нека ве следи вечно.

СДСМ бара независна истрага и граѓаните да ја добијат истината, а одговорните да одговараат.

Апелираме до сите да не го политизираат случајот, тоа е многу ужасно и болно за сите оние кои во моментов трагаат по своите луѓе и тагуваат по најблиските.

Уште еднап длабоко сочувство од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, истакна Чупеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ