Сиљановска-Давкова: Не е време за делби и конфронтации, умреа млади луѓе чиј живот згасна поради манипулација

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не треба никогаш повеќе да дозволиме поради манипулација, корупција и занемарување на стандарди да страдаат невини жртви.

Во попладневното обраќање по трагедијата во кочанската дискотека, каде животот го загубија 59 млади луѓе, а 155 беа повредени, Сиљановска Давкова рече дека најтешко повредените се транспортираат на специјализираните болници во Бугарија, Србија, Грција и Турција, заради добивање соодветна нега.

Почитувани и сакани граѓани, ве молам, водени од емпатијата да се сплотиме во болката. Не е време за делби и конфронтавии, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот згасна поради манипулација… Ниту еден одговорен не смее да избегне казна.
Да ги здружиме силите околу преживеаните, да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животитте на невините луѓе. Никогаш да не дозволиме да ги занемаруваме стандардите“, порача Сиљановска – Давкова.

Таа порача дека ништо не е повредно од човечкиот, односно од младешкиот живот.

Во кусото обраќање до нацијата претседателката рече дека нема зборови на утеха за семејствата на загинатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…

Српскиот град Бор, познат по своите големи…

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…

Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…

Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…