МПЦ-ОА со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

t

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изрази сочувство до најблиските на загинатите во пожарот во Кочани.

– Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот. Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог. Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила. На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление – се вели во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…

Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…

Владиката Петар повеќе не е дел од…

МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…

Кога Господ Исус наврши триесет години од…

МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…