(Видео) Хаос во Кочани: Толпата фрла јајца кон општинската зграда и го извикува името на градоначалникот: „Убијци, излезете“

t

Почна најавениот протест на градскиот плоштад во Кочани. Како што јавува репортерот на „360 степени“, на протестот има и дел од родителите на загинатите деца.

Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите…

Држат фотографии од децата што загинале и велат дека за билет од 500 денари си ја купиле смртта.

Еден час откако почна протестот, сè повеќе граѓани се собираат да оддадат почит, бараат правда и го повикаа градоначалникот во оставка да се појави пред присутните и да не се крие.

Протестот излезе од контрола во моментот кога толпата почна да го извикува името на градоначалникот и се упати кон општинската зграда.

Полиција ја чува општинската зграда. Демонстрантите извикува: „Убијци, излезете“ и маваат со јајца. Маваат по вратата и го повикуваат градоначалникот да излезе.

За потсетување, градоначалникот на Кочани, по трагедијата која го погоди градот во која загинаа 59 млади лица, си поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Информацијата ја сподели лично тој денеска на својот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…