Вучиќ ги посети повредените од трагедијата во Кочани кои се во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Македонија, кои беа згрижени во Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Заедно со Вучиќ се и министерот за здравство Златибор Лоначар како и директорката на УКЦ на Србија Јелена Друловиќ.
Во пожарот во дискотеката во градот Кочани, што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа најмалку 59 лица, а околу 155 лица се повредени, од кои 51 се испратени на лекување во странство.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Министерот за здравство Златибор Лончар претходно денеска изјави дека 17 пациенти од Македонија се наоѓаат во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, Воената медицинска академија, Воената болница во Ниш и КЦ Ниш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…