Таравари го разреши директорот на кумановската болница поради сомнежот дека пациент почина од анафилакса после даден аналгин
Министерот за здравство Арбен Таравари го разрешил директорот на кумановската болница доктор Стефан Трајановски откако во медиумите беше објавено дека 32-годишниот пациент Ведат Адеми починал откако му била администрирана венска линија со лек што содржел аналгин, на кој тој бил алергичен (анафилакса).
Таткото на починатиот Ведат Адеми го раскажува хоророт што го доживеале во кумановската болница. Амет Адеми вели дека од терапијата што му ја дале момчето имало тешка алергиска реакција и починало. Тие се враќаат во болница во рок од 24 часа, откривајќи дека лекарска грешка го убила нивниот син во цутот на младоста. Тој рече дека го однел момчето на нозе за да го излечи, додека го изнеле од болница во ковчег.
„Дали момчето можеше да ти каже некој последен збор? Синот ми го кажа последниот збор: Тато, ме убија! Тоа ми рече, тато ме убија. Дали е крив тој што организирал, што го вовел, што медицинските сестри не знаат што да дадат? Што и да му дал докторот, ги ставил тие лекови, терапии. Кој доктор? Дежурен беше Зоран Ѓеорѓиевски“, вели Амет Адети..
Сведоштвото на таткото на починатиот прочитајте го во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Бебе од Куманово заврши во болница по…
Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…
Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…
На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…
15-годишник е лишен од слобода откако со…