Кривична пријава за газда на градежна фирма од Гостивар, предизвикал одрон и оштетил куќи

34-годишен сопственик на градежна фирма од Гостивар доби кривична пријава откако поради градежни работи извршени од работници на неговата фирма, бил предизвикан одром кој оштетил околни куќи, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против Д.П.(34) од Гостивар, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“. Во текот на јуни 2024 година, на катастарска парцела во Гостивар, како последица од извршени градежни работи од правното лице дошло до одрон на земја, со што било предизвикано оштетување на околните куќи“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…
Џеј Ди Венс во петок ќе го…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…
Москва е гневна откако Зеленски позираше покрај…
Фотографијата од украинскиот претседател Володимир Зеленски, на…
Возел со тројно поголема брзина во населено…
На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален…