Вучиќ најави контрапротести по улиците на Србија…
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средствa.
Тој додаде дека добиле информација дека ќе бидат спречени „мирно да протестираат против нивниот терор“.
„Србија се крева“ „Народот во Србија веќе не се плаши од никого и ништо, ниту од блокатори, ниту од политички терористи кои фрлаат солзавец во парламентот, ниту од никого“, посочи тој.
„Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата Србија, со мирни, демократски средства, не со насилство, не како што тоа го направија некои други“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…