Јандроковиќ: Сочувство од Саборoт и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, во телефонски разговор со претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши изразил сочувство до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што информираат од Кабинетот на Гаши, Јандроковиќ, кој минатата недела беше во посета на Македонија, го пренел сочувството од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани, изразувајќи подготвеност за помош.
Гаши изразил благодарност за поддршката, вклучително и за помошта при хоспитализацијата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ .
Претседателот на Собранието Гаши деновиве добил писма со сочувство од земјите од регионот и од Европа, вклучително и од претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, како и од бројни меѓународни организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…