„Солун е со Кочани“: Собир во Грција во спомен за настраданите во ужасниот пожар

t

На плоштадот „Аристотел“ во Солун се одржа собир во знак на сеќавање на 59-те жртви од ужасната трагедија во Кочани. Собирот е во организација на студенти од Македонија кои студираат во овој грчки град.

Дел од младите со транспаренти во рацете, на кои беа испишани имињата на 59-те загинати, излегоа на мирен протест и молк, но, како што велат, со цел да биде гласен, за да го одржат жив споменот на 59-те жртви, но и да се побара правда и да се казнат виновниците.

Дополнително, во спомен на загинатите, носеа и црни балони.

Собирот во Солун за жртвите во Кочани, го пренесоа и дел од грчките медиуми, пред сè солунските информативни портали, но и државната телевизија ЕРТ.

Обвинителството во земјава веќе отвори истрага против 34 физички и три правни лица под сомнение дека сториле тешки дела за општата сигурност. Истрага ќе се води и за примање и давање поткуп. Надлежните најавуваат брза, ефикасна и праведна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две години затвор за Пеце Матевски, условни…

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…

Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…

На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…

Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…

Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…

Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…

На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…