Приведени пиромани од Прилеп и Ресен

t

На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

На 21.03.2025 во 13.20 часот во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 во 12.35 часот кај место викано „Бараки” запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Ресен. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…