Левица со шокантни информации: Човекот кој треба да ја истражува трагедијата во Кочани има „бујно“ криминално минато
Имено Сашо Петрушевски е актуелен државен секретар во Министерството за внатрешни работи, претставува срамно продолжение на неодговорните и криминализирани практики што ја карактеризираат политичката елита во Република Македонија. Не може да се игнорира неговото криминално минато: во 2004 година, додека беше директор на ЈП ЕСМ Куманово, Петрушевски беше обвинет за местење на тендер вреден повеќе од еден милион евра. Очигледно, злоупотребите на јавни средства беа дел од неговата рутина бидејќи неговото криминално делување не се завршува тука.
Во 2014 година, како директор на „Чистота и зеленило“ Куманово, Петрушевски повторно беше предмет на кривична пријава за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување. Наводно, тој сам набавил три (или како што се тврди, четири) половни камиони од Германија, вредни 280 илјади евра, во договор со фирма од Свети Николе. Зад оваа зделка стои криминално организирано дејствување што го оштетило претпријатието за повеќе од 85 илјади евра. Секако, оваа злоупотреба не е само фрапантен пример за нестручност, туку и за погазување на основните принципи на јавната работа.
Неговото раководење не се ограничува само на финансиските и правните злоупотреби. Во периодот на неговото директорување, Петрушевски бил тужен од страна на вработена во „Чистота и зеленило“ за психичко малтретирање.
Ова го претставува неговиот стил на водење: насилни, авторитарни методи, недостиг на етика и без основна почит кон работниците.
Не е случајност што Петрушевски бил отстранет од позицијата директор во 2017 година, но неговото враќање во МВР и именување на оваа висока функција, е последица на барање на ЗНАМ. И претставува уште еден пример за тоа како се наградуваат криминални и контроверзни поединци. Неговото именување е пораз за секој кој се надеваше на институции што ќе ги штитат интересите на народот, а не на тие на лични криминални интереси и патолошки амбиции.
Наместо да се отфрлат, ваквите фигури се враќаат со нови одговорности и нови функции, што покажува дека системот не е заинтересиран за вистинска реформа. Со Петрушевски, Македонија ја поставува својата иднина во рацете на оние кои го злоупотребуваат својот авторитет за лични и партиски интереси.
Левица остро го осудува изборот на Петрушевски за државен секретар. Овој избор е уште еден доказ дека владејачката елита не е способна да понуди ниту сигурност, ниту интегритет. Проблемот не е само во една личност туку проблемот е системски. На Република Македонија ѝ се потребни институции што ќе ги чуваат јавните интереси и ќе го бранат народот од корупција, а не од такви криминализирани фигури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…