Објавено на:

Македонија го победи Лихтенштајн

t

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта и дојде до победа над Лихтенштајн (0-3) на стартот на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година.

За нашиот национален тим ова беше единаесетти триумф во 12-тото соочување со аутсајдерот, а трите бода го радуваат Бојан Миовски, кој ги сподели импресиите од одиграното и прикажаното во Вадуц.

„Разочаран сум од Лихтенштајн бидејќи игравме на ненаводнет и сув терен. Тоа ни правеше многу проблеми во првото полувреме. Тие не сакаа да играат фудбал, а тоа е многу жално. Ние дојдовме со една цел, трите бода. Навидум победата изгледа рутинска, ама навистина беше тешко да се одигра натпреварот. Бевме многу сконцентрирани и агресивни, рано дадовме прв гол и вториот падна во вистински момент. Се одеше во наша полза потоа. Ова се одлични три бода и старт на квалификациите.

Благодарност до публиката што дојде во огромен број. Игравме како дома. Се надевам дека и во Скопје на мечот со Велс ќе ни бидат поддршка сите 90 минути“, изјави Бојан Миовски кој беше еден од стрелците на овој дуел.

Македонија ги продолжува квалификациите за три дена, кога на домашен терен во циклусот за СП 2026 игра на домашен терен против Велс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Денес се празнува Светиот апостол Тадеј

Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…

Метео: Попладне нестабилно со пороен дожд и…

Сончево и топло со мала до умерена…

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…