Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои ќе го засилува своето политичко влијание
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на ново „граѓанско движење“, чија иницијатива ќе биде официјално покрената со прв состанок денес.
Според Вучиќ, ова движење ќе биде здружение на граѓани, а наредните недели ќе се работи на неговото име, симболи и програма.
Иако Вучиќ го претставува движењето како широка граѓанска иницијатива, критичарите го гледаат како уште еден обид за зацврстување на неговата политичка доминација во Србија. Со најавениот „голем митинг“ и долгорочни активности до Видовден (28 јуни), некои аналитичари сметаат дека ова е обид за мобилизација на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) во време на зголемени политички тензии.
Додека Вучиќ очекува „голем број српски граѓани“ да се приклучат на движењето, останува отворено прашањето дали ова навистина претставува независна граѓанска иницијатива или само уште еден механизам за одржување на неговото политичко влијание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…