Германско МНР: Апсењето на градоначалникот на Истанбул е назадување на демократијата во Турција
Германското Министерство за надворешни работи го нарече апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу назадување на демократијата во Турција, и повика на фер судење и почитување на владеењето на правото, пренесува ДПА.
– Политичкиот натпревар не смее да се води преку судови и затвори. Очекуваме наводите да бидат транспарентно истражени што е можно побрзо и постапките да се водат врз основа на владеењето на правото. Истото важи и за приведените демонстранти, изјави портпарол на германското МНР.
Официјален Берлин нагласува дека почитувањето на демократијата и владеењето на правото остануваат кчучни за билатералните односи со Анкара, како и за односите меѓу ЕУ и Турција.
Имамоглу, водечка опозициска фигура и потенцијален предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, беше приведен во средата.
Тој се соочува со обвиненија за тероризам и корупција, а притворот што му го одреди судот во саботата е поврзан со случајот за корупција. Имамоглу ги отфрли обвинувањата.
Десетици илјади Турци излегоа на улиците низ поголемите градови да протестираат поради неговото притворање, пркосејќи на забраната за јавни собири што ја воведоа властите. Стотици демонстранти се уапсени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…