Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани – ќе има распит на над 300 сведоци

t

Основното јавно обвинителство го прошири обвинителскиот тим кој работи на истрагата за страшната несреќа во дискотеката Пулс во Кочани.

Вкупно 11 јавни обвинители моментално работат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините.

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.

„Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани“, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Во пожарот загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…