Објавено на:

Трамп: Еу и Кина 45 години нѐ ограбуваат

t

Многу земји, меѓу кои европските и Кина, се покажаа полоши од непријателите на САД, изјави претседателот Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Њусмакс“.

Шефот на Белата куќа ги обвини овие земји дека 45 години „ја ограбувале“ Америка, додека Вашингтон бил мек и слаб. А слично се однесувала и Кина. Претседателот на САД додаде дека токму поради тоа државниот долг достигнал 36 трилиони долари.

-Многу често пријателите, таканаречените пријатели, излегуваат полоши од непријатели. Погледнете ја Европската Унија, што направија со оваа земја, како ја испразнија, изјави Трамп.

Претседателот на САД додаде и дека дошло време да се врати дел од тие пари, можеби и најголемиот дел.

На почетокот на овој месец, Трамп ја одложи до 2 април примената на царини за производи од Канада и Мексико, но прецизираше дека по истекот на тој рок нема да има исклучоци.

Царините од 25 отсто за увоз на канадски и мексикански производи во САД Трамп ги воведе на 4 март. Исто така, царините за производи од Кина беа зголемени од 10 на 20 отсто. По ова, Отава и Пекинг воведоа реципрочни царини од 25 и 15 отсто за увоз на американски производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…