Само Левица и ДУИ не се сложија Собранието да оди на одмор
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека неговата партија и ДУИ биле единствените кои не изразиле подготвеност пратениците да одат на двонеделен одмор. Поради овој одмор, како што вели пратеникот, нема да се одржи ниту институтот пратенички прашања, иако тој е задолжителен во последниот четврток од месецот и премиерот мора да присуствува во Собранието.
– Но, бидејќи извесно е дека ќе се постават тешките прашања за трагедијата во Кочани, а на обата наши буржујски властелини Мицко Диско и Венко Модуларна тоа не им одговара – тие си решиле да суспендираат изрична уставна, законска и деловничка ius cogens норма со „споразум“!? Па така, ЛЕЖЕЈЌИ ја јавноста дека има некаков си „консензус“ (иако координаторот на Левица не се согласил + координаторот на ДУИ не бил ни присутен), спикерот Гаши си пуштил соопштение до јавноста во која изнесува невистини дека „сите се сложиле“ да не работат!? Не е точно – се сложиле само: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВРЕДИ и ЗНАМ!, објави Апасиев.
Јавноста изминатиот период изрази згрозување од ваквиот потег на Собранието како најодговорен конститутивен орган во ситуација кога има 59 жртви од пожарот во дискотекете во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…
Почина легендарниот актер Тим Кари
Актерот Тим Кари, кој почина на 80-годишна…
Ако Моџтаба е мртов, тогаш иранската влада…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…