Владата ќе ги оценува вестите во медиумите! Зли јазици ќе кажат дека е обид за цензура

t

Зли јазици ќе кажат дека е обид за цензура. Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. 

Во техничката спецификација на тендерот објавена на веб-страницата на Бирото за јавни набавки без да се специфицира предвидениот буџет, стои дека фирмата која ќе биде избрана на тендерот треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг односно следење, селекција, изработка и дистрибуција на објави во печатените, електронските, интернет медиумите и на социјалните мрежи. Софтверот треба да овозможи податоци за медиумот кој ја објавил веста и име на авторот на веста.

„Веб пристапот до објавите 24 часа на ден треба да обезбедува можност за пребарување, обележување на клучни зборови во објавата, прикажување на оригиналниот извор со линк, можност за изработка на извештаи, можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација, онлајн квантитативна аналитика на објавите по одредени параметри“, стои во техничката документација на тендерот.

Владата бара добивање на информации во реално време, веднаш по нивното објавување, а најмногу два часа по објавата, модул за вештачка интелигенција како и мобилна апликација за сите видови паметни телефони.

Критериум за избор на понудата нема да биде најниската цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…