Објавено на:

САД ги паузираат придонесите за Светската трговска организација

t

Соединетите Американски Држави ги ставија на „пауза“ придонесите за Светската трговска организација (СТО), изјавија денеска три неименувани извори за Ројтерс.

Делегатот на САД на состанокот за буџетот на СТО на 4 март изјави дека неговите исплати за буџетите за 2024 и 2025 година се прекинати во очекување на преглед на придонесите за меѓународните организации и дека ќе ја информира СТО за исходот во следноиот период, но без да прецизира датум, изјавија за Ројтерс два извори со знаење за состанокот.

Сите три извори побарале доверливост бидејќи состанокот за буџетот бил приватен, а паузата за финансирање на САД не била официјално објавена, пишува Ројтерс, додавајќи дека Белата куќа не одговорила веднаш на барањата за коментар.

Портпаролот на американската мисија во СТО во Женева не одговорил исто така на барањето за коментар, додава агенцијата.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се повлекува од глобалните институции за кои верува дека се во спротивност со нејзината економска политика „Америка на прво место“, соопшти агенцијата.

Таа планира да напушти некои глобални институции, како што е Светската здравствена организација, и ги намали придонесите за други како дел од широката ревизија на федералните трошоци.

СТО веќе беше на удар на американскиот потег во 2019 година за време на првиот мандат на Трамп да блокира нови назначувања на судии во нејзиниот највисок апелационен суд, оставајќи го нејзиниот клучен систем за решавање спорови само делумно функционален.

СТО, со седиште во Женева, имаше годишен буџет од 205 милиони швајцарски франци (215 милиони евра) во 2024 година. Според јавните документи на СТО, САД требаше да придонесат околу 11 отсто од таа сума врз основа на систем на такси пропорционален на нивниот удел во глобалната трговија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…