(Видео) Се повикува обвинителството да постапи: Во Крива Река истекле арсен, цијанид и олово, нивната концентрација е 10 кратно поголема од дозволеното – ќе треба да одговара и Државниот инспекторат!

t

Водата во Крива Река е опасност по здравјето на луѓето откако избила хаварија во рудник. Според градоначалникот Сашко Митовски, во неа има десеткратно повеќе присуство на метали. Рече дека ќе поднесат кривична пријава. Според него, Државниот инспекторат нема постапено согласно законите.

„Извештајот на акредитирана лабораторија покажа дека водата во Крива Река, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето. Извештајот покажува дека неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното присуство на штетни метали, односно, количината на олово присутно во водата“, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој го повика и Обвинителството да постапи, а вината ја лоцираше кај концесионерот на рудникот.

„Она што можеби е пострашно е што е загрозена и почвата по текот на овие реки, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачја“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…