Објавено на:

Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

t

Заменик генералниот секретар на НАТО – Радмила Шекеринска, во понеделник ќе се сретне со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, соопштија денеска од НАТО.

НАТО не објави други детали за средбата на Шекеринска со Соренсен, кој неодамна беше во прва посета на Белград и Приштина, по преземањето на функцијата.

Соренсен оваа недела во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија – Петар Петковиќ.

По средбите со српските власти, тој најави дека ги слушнал нивните ставови за дијалогот и ја истакна важноста на напорите и напредокот во дијалогот.

На почетокот на минатата недела тој беше во тридневна посета на Косово и Метохија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јас ги печалев, жена ми ги…

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше…

ПО САМОИЛ, ВО БУГАРИЈА ДА СЕ ВРАТИ…

Поранешниот бугарски евро-пратеник, докажан бугарски националист познат…

Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за…

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот…

Њујорк тајмс: САД подготвуваат тридневна воена кампања…

Соединетите Американски Држави, според информации што му…

Кличко ги повика жителите на Киев привремено…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повикал…