Објавено на:

Протести низ Србија за поддршка на деканката од Ниш што беше нападната со нож

t

Вечерва во Ниш собир за поддршка на нападната деканка Наталија Јовановиќ откако со нож беше повредена непосредно пред почетокот на протестот „Под рефлектор на науката“.

Студентите потсетуваат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината, пишуваат српските медиуми.

И граѓаните во Ваљево вечерва излегоа на протестна прошетка под слоганот „Излези и поддржи нови барања“, а маршот ќе се одржи до населбата Колубара 2 каде ќе биде изразен 16-минутен молк.

Протестен марш почна и во Борча.

Дел од вработените во Астрономската опсерваторија во Белград ги поддржаа студентите во нивната борба за одговорна и правна држава, во која институциите работат транспарентно и за доброто на целото општество.

„Длабоко веруваме дека слободата на мислата, говорот и правото да се бориме за подобрување на државата и нејзините институции се основата на секое слободно и праведно општество. Најостро го осудуваме секој облик на притисок, закани и напади врз студентите, како и обидите да се замолчи нивниот глас, да се девалвира, да се потчини на партиска борба или да се претстават како нечии марионети.

Денеска и Филозофскиот факултет во Белград го осуди нападот врз професорката Наталија Јовановиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш.

„Навредите и заканите упатени кон Универзитетот и неговите претставници кулминираа со напад со нож врз универзитетски професор и декан на една од најпрестижните образовни институции во земјата. Ова не може да се смета како изолиран инцидент.

Се додава дека на Универзитетите и нивните членови мора да им се остави простор на слободно и критичко размислување, дијалог и одговорност, а физичкото насилство врз оние кои се залагаат за знаење, социјална правда и достоинство на образованието е директен напад на овие вредности, неспоиви со кое било цивилизирано општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…