„Граѓаните во шок по големата акција“ – Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

t

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.

Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

-Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи, наведува АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на [email protected], или лично во Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…

Клиентите на Алта банка Србија можат да…

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…