ДУИ бара целосна транспарентност за улогата на обезбедувањето „Рубикон“ во трагедијата во Кочани

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара од Владата и Министерството за внатрешни работи целосна транспарентност околу активностите и одговорноста на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“ во ноќта на трагичниот настан во Кочани, кога животот го загубија 59 невини луѓе.

Од партијата потсетуваат дека токму оваа агенција, која според нив е блиска до владејачката партија, била ангажирана за обезбедување на објектот – кабаре во Кочани – во кобната ноќ кога се случила трагедијата.

ДУИ смета дека Владата мора да даде јасни одговори пред јавноста и поставува неколку клучни прашања:

Кои се другите клиенти на „Рубикон“?
Дали агенцијата склучувала регуларни договори со лиценцирани обезбедувачи?
Дали МВР некогаш извршила инспекција или контрола врз оваа агенција?
Дали агенцијата се штити поради блиски врски со власта?
И дали е точно дека компанијата врши притисок и уцени врз други фирми да ја ангажираат, повикувајќи се на свои политички поврзаности?
ДУИ предупредува дека Владата, наместо да ја користи правдата како алатка за пресметка со политичките противници, треба да понесе одговорност за своите неуспеси и да ги идентификува вистинските виновници за оваа трагедија.

Партијата бара темелна, непристрасна и правична истрага, како и одговорност од сите инволвирани кои дозволиле ваква ситуација да се случи.

„Граѓаните заслужуваат вистина, а не политички игри и прикривање на скандали“, порачаа од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…

Клиентите на Алта банка Србија можат да…

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…