Зеленски не прифаќа никаков документ за минерали коj го загрозува влезот на Украина во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да се согласи на никаков договор за експлоатација на нејзините природни ресурси со Соединетите држави доколку тоа ги загрози амбициите на Украина за членство во Европската унија.
Зеленски рече дека Киев добил нацрт-договор за вредни украински ресурси од Вашингтон. Сепак, според украинскиот портал European Justice, понудениот договор би можел да биде во спротивност со критериумите за економски суверенитет што Украина мора да ги исполни за да се приклучи на ЕУ.
Еден ден претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека најновиот американски предлог вклучува формирање заеднички инвестициски фонд кој на Вашингтон ќе му даде контрола над сите минерални ресурси на Украина – вклучувајќи нафта, гас и клучна енергетска инфраструктура. Украинските власти стравуваат дека таквиот аранжман ќе го поткопа економскиот суверенитет на земјата.
Зеленски го истакна својот ултиматум: „Не може да се прифати ништо што може да го загрози пристапувањето на Украина во Европската унија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…