(Видео) Фурнаџија од Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за 500 деца
Сопственикот на пекарницата „Клас“ во српскиот град Нови Пазар, Сеад Бихорац, покрај тоа што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и покрај тоа што за време на Рамазан сите можат да добијат бесплатни топли пити за ифтар за себе и семејството, во ноември 2024 година почна да гради зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, пишуваат локалните медиуми.
За несекојдневните добри дела на пекарот од Нови Пазар и порано пишуваа регионалните медиуми, а за овој Рамазан тој направи уште еден благороден гест – организираше делење на пакетчиња како подароци за 500 деца од градот и околината, пишува „Санџак данас“.
Порталот објави и видео од акцијата со подароците за децата во градот, на кое може да се види нивната радост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…