СДСМ: Молкот на Андоновски го потврдува скандалот со новиот тендер, институциите да постапат веднаш
Скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски не престануваат. По тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста дозна за нов тендер вреден 600.000 денари. Според информации од свиркачи кои јавно ги објавивме, сомнежите се дека овој тендер бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ-секторот на истото министерство, соопштуваат од СДСМ.
ДПМНЕ не го негираше тендерот туку го потврди а Андоновски досега молчи. Оттука, основани се сомнежите за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на јавните пари, велат од СДСМ.
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за сите тендери во Министерството за дигитална трансформација. Бараме и ДКСК да го прошири предметот и да ја информира јавноста за резултатите од постапката што веќе ја води, се наведува во соопштението од СДСМ.
Министерот Андоновски мора да понесе одговорност, а институциите мора да покажат дека функционираат и кога се во прашање функционери од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.
Дали случајот со тендерските мрежи не е изолиран инцидент, туку дел од поширока шема? Од СДСМ нагласуваат дека ова не е партиска тема, ова е прашање на јавен интерес, прашање на правда и борба против системска корупција.
СДСМ нема да престане да ја разобличува вистината. Ќе продолжиме со објавување на сите информации и докази што укажуваат на можни злоупотреби во Министерството, а такви имаме многу, соопштуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…
Клиентите на Алта банка Србија можат да…
Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…
Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Зиновиј и…
Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претежно…
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…