(Видео) Нови тензии на Косово: Рачна бомба фрлена на Косовска пошта во Звечан
Косовската полиција соопшти дека во зградата на Косовска пошта во Звечан експлодирала рачна бомба, додека друга била детонирана.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за Радио Слободна Европа изјави дека нема повредени, но дека е причинета материјална штета.
На овој објект минатата недела бил поставен знакот на Поштата на Косово во Звечан. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.
Истиот знак на Косовска пошта бил поставен и во други општини со српско мнозинство во северно Косово, во зградите каде што работеле филијалите на Банка на Поштенската штедилница.
Косовските власти ја затворија оваа банка, Поштата на Србија и други институции кои работат во системот на Србија, со образложение дека се нелегални, односно дека немаат дозвола за работа. Ова наиде на незадоволство од локалната српска заедница и критики од меѓународната заедница.
Минатата година неколку експлозивни направи биле фрлени и врз косовски институции во општини во северно Косово, додека косовските власти оценија дека „криминалните и терористички напади“ имале за цел заплашување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…