Објавено на:

Се урна таван во босанска градинка, три деца итно пренесени во болница

t

Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко повредено, јавија локалните медиуми.

Три деца се веднаш пренесени во болница, но набрзо биле пуштени дома бидејќи немале потешки повреди. Објектот е затворен и престанува со работа, соопштија властите на Република Српска.

Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува објавата со коментар дека зградата на општината неодамна била реновирана додека никој не се грижи за условите во кои престојуваат децата.

Градоначалникот на Козарска Дубица Саваковиќ рече дека најважно му е никој да не е повреден, а сега чека да се утврдат фактите, по што поправките ќе се финансираат од општинскиот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…