Македонските и бугарските фудбалски легенди со хуманитарен натпревар за Кочани!
Македонските и бугарските фудбалски легенди ќе одиграат хуманитарен натпревар на кои ќе се собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Натпреварот е закажан за на 27 април.
„Ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна“, објавија бугарските медиуми.
Македонската репрезентација ќе биде предводена од нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев, поранешен напаѓач на Наполи, Интер и Лацио со кои освои голем број трофеи, меѓу нив и Лигата на шампионите.
На натпреварот за тимот „Ѕвезди 94“ од Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД, а ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божинов.
Досега своето учество го потврдија Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Христо Стоичков, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Александриков, Георги Георгиев, Красимир Балаков и Ивајло Андонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…