Објавено на:

На Кина ѝ се заканува затворање на милиони работни места и банкрот на многу мали фирми

t

Кина очекуваше нови царини од САД и веројатно се подготвуваше за нив, но ниедно ниво на подготовка не може да го ублажи непосредното влијание што последниот бран на тарифи ќе го нанесе врз кинеската економија, пишува досписникот за Азија од Пекинг за „Скајњуз“.

„Кога ќе ги соберете царините наметнати порано оваа година со оние кои се уште во сила од првиот мандат на Трамп, сите кинески производи сега ќе бидат оптоварени со повеќе од 50% од увозните давачки, а некои би можеле да достигнат и 70%. Во пракса, таквите нивоа на тарифи ја прават трговијата со Америка речиси невозможна за огромното мнозинство на кинески компании”, пишува „Скајњуз“

Со оглед на тоа дека извозот изнесува околу 20% од БДП на Кина, а трговијата со САД изнесува околу 15% од тој извоз, влијанието ќе биде огромно и широко распространето.

Експертите веќе предвидуваат губење на милиони работни места, колапс на многу мали бизниси кои ги сочинуваат сложените синџири на снабдување во Кина, и многу е веројатно дека Кина нема да ја достигне целта за раст на БДП од околу 5%, објави „Скајњуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…