Таравари засега не излегува од владината коалиција, ќе го чека исходот од преговорите на пратениците за локалните избори

t

Арбен Таравари, министер за здравство и дел од Коалицијата Вреди синоќа во изјава за медиумите негираше дека ќе ја напушти владината коалиција.

-Не, засега не. Работните групи меѓу пратениците се уште водат преговори, така што се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик. Ако не, тогаш ќе видиме како понатаму – рече синоќа Таравари во изјава за медиумите на албански јазик.

Пратеничката група на ВРЕДИ работи на начинот за евентуална соработка за локалните избори. Оттаму велат дека имале средба на која разговарале за настапот на локалните избори, дека рамката се усогласува и оти за кратко време ќе имаат верзија која ќе им биде позната на лидерите од коалицијата.

Таравари деновиве во јавноста изнесе тврдење дека има несогласувања во коалицијата Вреди во врска со настапот на локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…