Француската влада: Ќе ги нападнеме американските онлајн услугите
Европската унија е „подготвена за трговска војна“ со САД и планира „да ги нападне онлајн услугите“ како одговор на новите царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на француската влада.
„Сосема сме сигурни дека навистина ќе сведочиме на негативното влијание врз производството“, изјави Софи Примас за телевизијата РТЛ, изразувајќи особена загриженост за силното влијание врз производството на вино и алкохолни пијалоци.
„Имаме целосен опсег на алатки и подготвени сме за оваа трговска војна, а потоа ќе видиме како можеме да го поддржиме нашето индустриско производство“, нагласи портпаролката. Примас рече дека Трамп верува дека е „господар на светот“ и дека неговиот пристап е „империјалистички став што донекаде го заборавивме“, но кој се враќа.
Вчера, на денот кој го прогласи за „ден на ослободувањето“, Трамп најави високи царини за речиси целиот свет, вклучително и 20 отсто за увозот од Европската унија.
Примас рече дека ЕУ подготвува одговор во два чекора. Првиот, „почетен одговор“, ќе биде усвоен во средината на април и ќе се однесува на алуминиумот и челикот, а ЕУ потоа ќе ги таргетира „сите производи и услуги“ од САД. Овие мерки треба да бидат готови до крајот на април и за нив во моментов се разговара, рече Примас.
„Ќе ги нападнеме и услугите. На пример, онлајн услугите кои моментално не се оданочуваат, но би можеле“, изјави портпаролката на француската влада.
ЕУ би можела да одговори и со забрана за „пристап до договори за јавни набавки“, најави Примас. Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопштија дека францускиот претседател попладне ќе разговара со претставниците на француските сектори „погодени од царините“ на Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…