(Видео) Српските студенти со велосипеди тргнаа кон Стразбур, ќе ѝ објаснат на ЕУ за ситуацијата во Србија
Студентите и членови на академската заедница на Србија вчера го напуштија Нови Сад со велосипеди во рамки на кампањата „Тур де Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза во бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година.
Со нив отидоа и репортери од одредени белградски медиуми, а студентите за патувањето ќе известуваат на социјалните мрежи. Смртта на 16 претежно млади луѓе по падот на настрешницата на 1 ноември на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад предизвика бран протести обвинувајќи ја владата за коруптивни практики и невешто извршени работи.
Во новата акција „Тур де Стразбур“, 80 студенти со велосипед ќе стигнат до Стразбур за да им се обратат на претставниците на Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.
Утринава голем број граѓани подготвија емотивно испраќање за студентите кои ќе ја возат првата делница до Суботица, а потоа преку Будимпешта, Братислава, Виена, Линц и Улм планираат за две недели да пристигнат во Стразбур.
Студентите започнаа блокада на повеќе од 60 факултети откако приврзаници на владејачката партија ги нападнаа за време на комеморативната блокада додека со молчење им оддадоа почит на трагично загинатите. Во меѓувреме, блокадите прераснаа во студентско движење, придружено со бројни секојдневни акции, маршеви од по неколку стотици километри до масовни протести низ Србија и акции, кои добија неочекувано голема поддршка од пошироката општествена заедница.
Студентите истакнаа четири барања, од кои клучното е разоткривање на корумпираниот октопод во политиката и општеството. Владата го нарекува студентското движење -„обоена револуција“, за кое тврди дека е политички мотивирано и поддржано од странски организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…