(Видео) Вака зборуваше Мицкоски две недели после трагедијата во Тетово, тогаш бараше оставки од морални причини

t

Новинарот Фуркан Салиу сподели видео од премиерот Мицкоски во периодот кога беше опозиција и бараше оставка од Владата поради Модуларната болница во Тетово.

– Вака зборуваше Мицкоски две недели после трагедијата во Тетово…

-Тогаш бараше оставки од морални причини како прва итна мерка с потоа да се зборува за други одговорности.

-Тогаш не веруваше во истрагата затоа што во случајот беа вмешани луѓе на високи функции кои што можеа да влијаат.

Ама тоа беше ТОГАШ, сега се е поразлично затоа што на функција се луѓе кои што си ја сакаат државата, чесни и одговорни.

Како и да е, ние пак ќе прашаме да не мислите дека сме заборавиле… Зошто нема одговорност кај актуелните функционери за трагедијата во #Кочани? Макар тоа да е и морална одговорност. – напиша Салиу на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и…

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот…

Пожар зад зградата на МРТВ, се запали…

Денеска изби пожар зад зградата на МРТВ…

Комеморација во Белград за поранешниот командант на…

Денеска во Домот на Армијата во Белград…

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при…

Кавадаречката полиција синоќа привела 34-годишен кавадарчанец кај…

Мито од 1.500 евра барал возачот од…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…