Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и култура

t

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и културно наследство, напиша на Фејсбук претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, по средбата со Сефер Сефери, претседател на разгранокот на МАЕИ за Каваја, кој по потекло е од Голо Брдо.

-Каваја е дом на значителен број Македонци со потекло од областа Голо Брдо, кои низ генерации ја чуваат својата културна и национална припадност. Оваа посета е потврда за нивното место во албанското општество и значењето на нивниот придонес во локалната заедница, пишува во објавата.

Спиропали, како што наведува, минала пријатни мигови и во друштво на пошироката фамилија на Сефери, за која оценува дека е „приказна за успех, интеграција и напредок”.

Според неа, Сефери се сложна фамилија, која со својата работа во градежништвото ја зајакнале локалната економија, создале можности за вработување на жителите од околината и придонеле за поразвиена Каваја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…