Вјоса Османи чекор пред Мицкоски: Денес официјално побарав од Владата на Косово да ја суспендира увозната царина на сите американски производи
Вјоса Османи претседателката на Косово, од Владата побара да ја суспендира увозната царина на сите американски производи, известува Анадолу.
„Денес официјално побарав од Владата на Косово да ја суспендира увозната царина на сите американски производи, како важен чекор кон продлабочување на економските врски со нашиот најблизок сојузник“, изјави Османи по воведувањето на реципрочни царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Косово е подготвено за посилни односи со Соединетите Американски Држави, со јасна визија која ќе ги направи нашите две земји посилни, побезбедни и посветли“, напиша Османи на социјалната мрежа X.
Таа е уверена дека овој потег ќе отвори нови можности за отворање работни места, размена на технологии и долгoročен економски раст.
„Ова е повеќе од економски потег, ова е надворешнополитички цел кој ја потврдува нашата постојана посветеност на косовско-американските односи, сојуз кој е изграден на заедничките вредности на слободата и децении непоколеблива поддршка“, додаде таа.
Царини од десет проценти за увоз на стока од Косово
Трамп вчера донесе нова извршна наредба за воведување на реципрочни царини за земјите низ светот, меѓу кои и земјите од Западен Балкан. Според наредбата, како што објави Белата куќа, најниските царини од десет проценти се воведени за стоката која се извезува од Косово, Албанија и Црна Гора во САД.
За стоката од Македонија воведени се царини од 33 проценти, а за стоката од Босна и Херцеговина царините ќе изнесуваат 35 проценти. За стоката од Србија, извршната наредба на американскиот претседател воведе царина од 37 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…