Тарифите на Трамп ги урнaа берзите
Берзите на Вол Стрит го претрпеа најголемиот пад во изминатите пет години поради несигурноста на инвеститорите и очекувањата дека тарифите од Трамп ќе предзивикаат глобална трговска војна и висока инфлација и низ светот и во САД.
Индексот S&P 500 забележа загуба од 4,8%, на најлошиот ден по 2020 година, кога пандемијата на ковид-19 ја погоди економијата. Индексот Nasdaq изгуби 6%.
Падна вредноста на суровата нафта, на акциите на технолошките гиганти и на доларот во однос на другите валути, дури и на златото, кое неодамна достигна рекордно висока цена.
„Инвеститорите веќе знаеја дека Трамп ќе воведе царини и тоа се одрази со благ пад на акциите. Но, Трамп сепак ги изненади со најлошото сценарио“, објаснува инвеститорот Мери Ен Бартелс.
Швајцарската банка УБС не ја отфрла можноста дека тарифите може да скратат 2% од развојот на САД годинава и да ја кренат инфлацијата до 5%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…