„Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот
Светски познатиот виртуоз на виолончело, Стјепан Хаусер кој беше дел од популарното дуо 2 Celos, и препознатлив по своите страсни изведби, го започна својот најголем и најхрабар проект досега „Музиката го обединува светот“ (Music Unites the World). Досега објавени има објавено 18 видеа, од исто толку земји.
Подгответе се за најголемата музичка кампања на сите времиња!!! МУЗИКАТА ГО ОБЕДИНУВА СВЕТОТ. Да видиме кои 5 земји ќе бидат најгледани, лајкувани и коментирани, кои топ 5 земји ќе имаат најголеми импресии!!! Ајде да видиме кој народ е најгласен и најгорд, вели Стјепан за време на најавата на неговиот предизвик.
Како дел од овој проект, Хаусер ја отсвири македонската песна „Јовано, Јованке“, за да ја претстави нашата земја со оваа песна. Досега„Јовано, Јованке“ има собрано 18,644 лајкови.
Сакам да докажам, еднаш засекогаш, дека музиката ги поврзува и обединува секоја нација, секоја култура и секој човек на оваа планета. Затоа решив да отсвирам по една песна од секоја земја. Проектот нема да престане додека не отсвирам песна од секој агол на светот, рече Хаусер, на почетокот на овој проект.
Народната „Јовано, Јованке“ е една од најобработуваните народни педни од домашни и странски изведувачи. Во песната се зборува за забранета љубов помеѓу двајца млади. Македонскиот пејач и текстописец Александар Сариевски ја изведувал традиционалната ерзија на песната во текот на својата музичка кариера (1946–2002). Песната ја имаат изведено и „Леб и сол“, Васка Илиева, дуетот Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, Тоше Проески, Наум Петрески
и Анета Мицевска, Анастасија и други…
„Ту челос“ се распаднаа во 2018 година, кога членовите Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ тргнаа на различна страна. Лука се посвети на семејството, ќерката и сопругата, а Стјепан заплива во соло водите.
Виртуозите на виолончело, препознатливи по преработките на светските поп-хитови, истата година, приредија незаборавна вечер на концертот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…