Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР
Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба да ја даде истрагата, која нема да биде селективна и која ќе ги утврди фактите и каузалната поврзаност на несреќата. Но, од она што го гледаме до сега, одговорност не се бара кај ниту еден актуелен носител на позиција и функција, освен кај актуелниот градоначалник на Кочани, што отвара сомнежи за истрагата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
Тој потенцираше дека во однос на безбедноста, пропустите се во МВР, кои како институција знаеле дека дискотеката функционира, особено ако го имале планот за контрола на малолетници и тргување со опојни материи во таа дискотека кобната вечер.
Тоа подразбира дека како институција знаеле дека дискотеката функционира. Второ, многу важно прашање е зошто ако контролата за малолетници не започнала пред полноќ , туку 10 минути пред да се случи трагедијата. Се отвараат и прашања зошто ниту еден кој бил задолжен да ги прави процените за безбедноста и планот за процена на ризик, не го направил. Зошто ако имало внатре полициски службеници не ја прекинале забавата? Има низа прашања во овој момент кои се поставуваат и за кој граѓаните бараат одговор, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…