Скандал во Украина: Над 16 милиони евра наменети за армијата се потрошени за купување хотел во Хрватска
Украинското национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) открија проневера на дури 733 милиони украински гривни или околу 16,5 милиони евра при процесот на набавка на храна за украинската армија.
Осомничен во аферата е поранешен висок функционер на Министерството за одбрана, сопственик на неколку фирми за снабдување, двајца директори на фирми, како и уште едно лице. Тие се обвинети за незаконска проневера на државни пари, во екот на сеопфатната руска инвазија, пренесува Украинска правда.
Според резултатите од истрагата, храната за армијата во текот на 2022 и 2023 година била набавувана преку однапред склопени „пакети со храна“, составени од каталог во кој имало дури 409 артикли. Сепак, само 10 отсто од производите – како зеленчук, житарки, месо и вода – редовно се нарачувале. Останатите артикли, вклучувајќи зачини, желатин или бобинки, ретко или никогаш не биле на списокот поради нивната сезонска природа.
„Овој систем им овозможи на добавувачите да манипулираат со цените – вештачки да ја зголемат цената на производите со голема побарувачка, додека ги намалуваат цените на непопуларните или сезонските производи (како што се црешите или кајсиите). Навидум, нема прекршок бидејќи вкупните трошоци на комплетот останале непроменети. Сепак, компирот, испорачан во илјадници тони, чинел цело богатство, додека сезонското овошје, кое ретко се нарачува, имало многу ниска цена“, се вели во соопштението на НАБУ.
Експертската анализа потврди дека две фирми на ист сопственик на овој начин незаконски заработиле 16,5 милиони евра. Дел од средствата потоа се насочени под превезот на дивиденди и финансиска помош за поврзани компании. Инспекторите се сомневаат дека парите биле искористени за купување хотели во Хрватска и други средства.
По широко распространетите медиумски извештаи, вклучително и оние за јајца кои чинат 17 украински гривни (0,37 евра) по парче, осомничените ги намалија цените на 11 од најбараните производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…