Објавено на:

Претреси во струмичко – пронајдена дрога, уапсен 65-годишник

t

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја.

Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…