Бројот на загинатите во рускиот напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 се повредени
Бројот на загинати во рускиот балистички напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 лица се повредени, објави Укринформ.
Претходно беше соопштено дека загинале 18 лица, меѓу кои девет деца, а повредени се 56 лица.
Претседателот на Советот за одбрана на Криви Рог, Александар Вилкул изјави дека две деца повредени во нападот се пренесени во болница.
“Во терористичките напади повредени се 68 лица – од тримесечно бебе до постари лица. Во болниците моментално се наоѓаат 40 лица. Две деца на возраст од пет и осум години се префрлени во болница во Днепар и тие се во исклучително тешка состојба, 17 лица се во тешка состојба”, рече тој на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…