(Фото) Полицијата влезе во домот на Брлог – Ова е причината!

t

Попладнево полиција влезе во домот на Благојчо Брлог Георгиев откако објави фотографии на кои се гледа возилото на началник од времето на техничката Влада во времето на Наќе Чулев кој непрописно го паркирал своето возило на место резервирано за инвалидни лица.

Фотографиите кои ги објави Брлог предизвикаа огромен гнев меѓу граѓаните, па по големите реакции на социјалните мрежи полиција влезе во неговиот дом.

Ова е Фејсбук објавата поради која полицијата го посети познатиот активист.

-Рековте се борите против криминалците со значки, бидејки јас одамна се борам против истите решив да ви споделам една нежна слика од бивш началник на НТШ во СВР Битола, кој се уште се однесува како ШЕРИФ…

Началник кој владееше во времето на Наке Чаулев, па после со ДУИ и да не зборувам понатаму, реков ова е една нежна слика, би го замолил Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и министерот Панче Тошковски да превземат соодветни мерки против МАЧЕТО за да не дојде ред да има ептен компромитирачки слики кои ке наштетат на многумина, ова не го сфаќајте како закана туку како ветување и морална поддршка кон вас за вашата борба против криминалците со значки.!!!
П.С

Поради овој ШЕРИФ, на врнежливо време, мене мораше да ме носат еден километар подалеку и да ме туркаат со инвалидната количка.

Со почит.

Ви благодарам на разбирањето.

Информациите на Инфомакс говорат дека ова е дел од тактиката на власта за угушување на гневот кај граѓаните со заплашување од страна на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…