Политика: Обвинителството ќе ги сослуша сите граѓани кои пријавиле тегоби кои произлегуваат од протестот на 15 март
Првото основно јавно обвинителство во Белград, како дел од истрагата дали на протестот на 15 март биле употребени пиротехнички средства или друго општо опасно оружје, ќе сослуша изјави на граѓани кои до 3 април ги доставиле своите информации до невладини организации, односно кои присуствувале на настанот.
Во изјава за весникот Политика нагласуваат дека од омбудсманот ги побарале сите достапни податоци за настанот, односно за собраните информации за лицата кои се здобиле со повреди.
На протестот на 15 март во Белград, на две минути пред крајот на петнаесетминутниот молк за жртвите во Нови Сад, се слушна необичен звук, што предизвика паника кај насобраните граѓани.
Првото основно јавно обвинителство во Белград последователно соопшти дека за време на спорниот настан на протестот не бил употребен звучен топ, „врз основа на инфомации добиени од МВР, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Агенцијата за безбедност и информирање (БИА).
На тврдењето дека за време на протестот на 15 март бил употребен „звучен топ“ реагираше Европската комисија (ЕК), која ги повика властите во Србија да истражат дали за време на протестот било употребено тоа или слично оружје.
Покрај ЕК, настанот го привлече вниманието и на Европскиот суд за човекови права, кој на 24 март побара од Србија да се изјасни дали биле употребени незаконски средства против демонстрантите на протестот во Белград на 15 март и која е правната основа за наводната употреба на такво оружје.
Истиот суд потоа ги информирал граѓанските организации дека на 31 март го добил одговорот на Србија во врска со наводите за можна употреба на звучно оружје, објави белградскиот Центар за човекови права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…